• понеделник, 23 декември 2024

Временска прогноза

Временска прогноза
Скопје, 15 јуни 2020 (МИА) – Времето во земјава ќе биде сончево и релативно топло, попладне ќе има локална нестабилност со појава на пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец Утринската температура ќе се движи од 11 до 18, а дневната од  25 до 32 степени. УВ-индексот ќе изнесува 8. Во Скопје сончево со мала до умерена облачност, попладне повремено облачноста ќе се зголемува. Ќе дува умерен северозападен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 15, а дневната ќе достигне до 29 степени. Од вторник до четврток на повеќе места ќе биде нестабилно со честа појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Остани поврзан