• сабота, 29 јуни 2024

Временска прогноза

Временска прогноза
Скопје, 30 мај 2020 (МИА) – Времето во земјава променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и кон крајот на денот на места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Утринската температура ќе се движи од 3 до 11, а дневната од  17 до 25 степени. УВ-индексот ќе изнесува 7. Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и кон крајот на денот ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Утринската температура ќе се спушти до 8, а дневната ќе достигне до 22 степени. Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд и со потпросечни дневни температури за овој период од годината. Во попладневните часови на места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Повеќе врнежи ќе има во недела.

Остани поврзан