Вредноста на играчите на Манчестер Јунајтед паднала за 15 отсто под водство на Аморим
- Вредноста на играчите на Манчестер Јунајтед паднала за 15 отсто по доаѓањето на новиот менаџер Рубен Аморим, покажува студијата на „Скај спортс“. Вкупната вредност на играчите на 20-кратниот шампион падна за неверојатни 106 милиони, што е двојно поголема „загуба“ од онаа на второпласираниот Њукасл за овој период.

Манчестер, 15 февруари 2025 (МИА) - Вредноста на играчите на Манчестер Јунајтед паднала за 15 отсто по доаѓањето на новиот менаџер Рубен Аморим, покажува студијата на „Скај спортс“. Вкупната вредност на играчите на 20-кратниот шампион падна за неверојатни 106 милиони, што е двојно поголема „загуба“ од онаа на второпласираниот Њукасл за овој период.
Во ноември, играчите на Јунајтед беа проценети на 700 милиони фунти, а моментално нивната сума е 594 милиони фунти. Во оваа бројка не се вклучени Маркус Рашфорд (45,6 милиони), Ентони (16,6 милиони) и Тајрел Маласија (12,5 милиони). Во исто време, гигантот од Манчестер го ангажираше Патрик Доргу за 29,6 милиони фунти, па на крајот клубот загуби 45,1 милиони фунти од трансфер зделките и 107 милиони фунти од вредноста на своите играчи, пренесе „Скај спортс“.
Во својот последен натпревар Манчестер Јунајтед надмина негатива од два гола и ремизираше со Евертон 2-2. Тимот се наоѓа на 15. место во табелата во Премиер лигата со 30 бодови.
Тимот со најголем скок во вредноста на играчите според проценката на „Скај спортс“ е новајлијата во елитното друштво Ипсвич, кои забележаа пораст од 40% од 160 милиони фунти на 225 милиони фунти. дс
Фото: Архива