• петок, 05 декември 2025

Вреди: ДУИ ја призна својата вина за пописот, најголемата неправда кон Албанците

Вреди: ДУИ ја призна својата вина за пописот, најголемата неправда кон Албанците

Скопје, 29 јули 2025 (МИА) - Вреди остро реагира на вчерашното скандалозно признание на ДУИ, кое претставува очигледни прифаќање на вината за еден од најтешките и неуставни акти против Албанците во Северна Македонија, бришењето на дијаспората од пописот во 2021 година, се наведува во реакцијата на Вреди која МИА ја пренесува интегрално:

Пред очите на јавноста и медиумите, водачите на Демократската унија за интеграција признаа дека преговарале за методологијата на пописот, со која граѓаните беа вештачки поделени на „резиденти“ и „нерезиденти“, со што десетици илјади Албанци беа избришани од официјалните бројки.

Али Ахмети лично призна дека преговарале, а Бујар Османи бил дел од преговарачкиот тим. Ова јасно покажува кои се вистинските виновници за оваа национална неправда.

ДУИ молчеше повеќе години, но сега е време да даде одговори.

Зошто ја избришавте албанската дијаспора од пописот?
Кој беше валканиот политички договор што го направивте и со кого?
Зошто ја исклучивте дијаспората од одлучувањето, иако таа со децении придонесува за оваа држава?

Албанската дијаспора не е бројка што може да се тргува. Таа е дел од колективниот идентитет, институционалниот капацитет и националниот потенцијал на Албанците во Северна Македонија. Бришењето на тие луѓе е не само емоционална туку и правна елиминација на нивното постоење.

ДУИ мора да одговори: дали новите коалициски договори и заеднички листи за локалните избори се нов обид за амнестија на ова срамно дело? Дали новите партнери на ДУИ молчат, за да заборавиме на оваа национална катастрофа?

Да потсетиме: многу од оние кои беа избришани од пописот ја напуштија државата токму поради корупцијата, сиромаштијата и непотизмот што ги продуцираше ДУИ во последните две децении.

Ние од ВЛЕН нема да молчиме. Ќе има одговорност за политичарите, за директорите и за институциите што ја потпишаа оваа неправда.

Следува правдата.

Фото: МИА архива 

Остани поврзан