• вторник, 05 ноември 2024

Вработените во „Форд“ ќе работат од дома до јуни 2021 година

Вработените во „Форд“ ќе работат од дома до јуни 2021 година
Бостон, 9 октомври 2020 (МИА) - „Форд Моторс“, една од најголемите автомобилски компании во САД, денеска им соопшти на вработените кои своите должности ги вршат во канцеларија, дека ќе продолжат со работата од дома. Имено, вработените во таа компанија работат од дома од март годинава, а како и сите вработени во фирми во Северна Америка, и тие ќе продолжат да работат од дома, засега - до јуни 2021 година. Компанијата се наоѓа во југоисточниот дел на Мичиген, САД и има приближно 32.000 пополнети канцелариски места низ земјата. си/сд/

Остани поврзан