• понеделник, 23 декември 2024

Вработена во Центарот за социјални работи во Кавадарци обвинета за фалсификување исправи

Вработена во Центарот за социјални работи во Кавадарци обвинета за фалсификување исправи
Скопје, 14 ноември 2022 (МИА) - Основното јавно обвинителство - Кавадарци до надлежниот суд поднело предлог за издавање казнен налог против 40-годишна вработена во кавадаречкиот Центар за социјална работа, која се товари дека сторила кривично дело „фалсификување службена исправа“ од член 361 став 1 од Кривичниот законик. Во периодот од ноември 2020 до август годинава, како службено лице - член на стручен тим, појаснуваат од Јавното обвинителство, при постапување со доверени предмети, обвинетата внесувала невистинити податоци во наодите и мислењата. - Ваквите исправи ги потпишувала во име на останатите членови на стручниот тим, ги заверувала со службен печат и ги доставувала до директорот на Центарот за социјална работа за понатамошно постапување, се наведува во соопштението од Јавното обвинителство. Надлежниот јавен обвинител на Основниот суд Кавадарци предложил Судот да ја огласи обвинетата за виновна и да ѝ изрече алтернативна мерка - условна осуда, со која ќе ѝ утврди казна затвор во траење од три месеци која нема да се изврши доколку обвинетата не стори ново кривично дело во рок од две години по правосилноста на пресудата.​​ цр/сп/

Остани поврзан