• петок, 05 декември 2025

Во 7 часот отворени гласачките места во Битола

Во 7 часот отворени гласачките места во Битола

Битола, 19 октомври 2025 (МИА) - Општиската изборна комисија (ОИК) во Битола потврди дека утрово во 7 часот отворени се гласачките места на територијата на Општина Битола.

Според Единствениот избирачки список право на глас имаат 77.253 избирачки кои се распределени на 170 гласачки места.

На овие локални избори за градоначалник на Општина Битола конкурираат осум кандидати, додека за членови на Советот на Општина Битола конкурираат кандидати од шеснаесет кандидатски листи. мт/лв/

фото: МИА

Остани поврзан