• сабота, 17 август 2024

Во 2021 година од предозирање со наркотици починале повеќе од 107.000 Американци

Во 2021 година од предозирање со наркотици починале повеќе од 107.000 Американци
Вашингтон, 11 мај 2022 (МИА) - Американскиот Центар за контрола и превенција на болести денеска соопшти дека во 2021 година од предозирање со наркотици починале над 107.000 Американци. Тоа е рекордна бројка, што значи дека на секои пет минути умирало по едно лице од предозирање во САД. Во споредба со 2020 година тоа е пораст за 15 проценти. Бројот на смртни случаи од предозирање во САД е во пораст повеќе од две децении. Растот почна во 90-тите години со предозирање со лекови против болки. Минатата година, предозирање со фентанил и други синтетички дроги надмина 71.000 случаи, што е за 23 отсто повеќе од претходната година. Регистрирано е и зголемување на смртните случаи од предозирање со кокаин за 23 проценти и со метамфетамин и други стимуланси за 34 отсто. ми/

Остани поврзан