• среда, 18 декември 2024

Во Њујорк уапсени околу 300 луѓе по протести за прекин на судирите во Појасот Газа

Во Њујорк уапсени околу 300 луѓе по протести за прекин на судирите во Појасот Газа

Њујорк, 28 октомври 2023 (МИА) – Околу 300 луѓе се уапсени откако голема група демонстранти се собраа на железничката станица Гранд Централ во Њујорк, барајќи прекин на огнот во Појасот Газа, соопшти локалната полиција.

Портпаролот на Њујоршката полиција за Си-Ен-Ен изјави дека апсењата биле извршени по различни обвиненија, вклучително и намерно нарушување на јавниот ред и незаконско собирање.

Њујоршката полиција соопшти дека не е познат точниот број на обвинетите. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан