• петок, 05 декември 2025

Во Штип 14. научен симпозиум за дентална медицина

Во Штип 14. научен симпозиум за дентална медицина

Штип, 15 ноември 2025 (МИА) – Факултетот за медицински науки при Универзитетот „Гоце Делчев“(УГД)-Штип денеска го одржа 14. симпозиум за дентална медицина.

Доктор Киро Папакоча вели дека на денешниот симпозиум имаше предавачи од земјата и странство, а студентите беа активно вклучени во реализацијата на симпозиумот, кој има за цел да ги едуцира  идните доктори по стоматологија.

Алекса Марковиќ додава дека студентите имаа можност да слушнат повеќе и за новитети на различни теми од нивната област.

-Јас сум презадоволен од бројот на млади колеги кои се овде да слушнат новини, бидејќи едукацијата е многу важна. На ваков начин може да се види каде сме, а мислам дека сме исти со Европа, вели Марковиќ.

Според универзитетските професори и стоматолози  радува фактот што голем број млади денеска беа дел од настанот за понатамошна едукација и надоградување на нивното знаење. Според проценките на организаторите на денешниот научен симпозиум присуствуваа околу 300 предавачи, стоматолози и студенти. вдј/мд/

Фото: МИА 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан