• понеделник, 23 декември 2024

Во Штип ќе се градат три катни гаражи во централното подрачје

Во Штип ќе се градат три катни гаражи во централното подрачје

Штип, 22 октомври 2022 (МИА) - Продолжување на изградбата на конзолите на реката Отиња од двете страни, но и изградба на три катни гаражи ќе се решава проблемот со паркинг просторот, но и сообраќајниот хаос.

Изградбата на конзолите е во тек, а за наредната година ќе се планираат буџетски средства за продолжување на проектот. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов вели дека во тек е избор на фирма која ќе ги проектира трите катни гаражи во централното градско подрачје.

-Катните гаражи се лоцирани на три локации, во централнот градско подрачје, едната е на паркингот кај Дом на култутра, едната е на почетокот на улицата „Ванчо Прќе“ на постоечкиот паркинг простор и едната е во близина на Здравствениот дом. Со ова граѓаните ќе имаат зголемена паркинг површина, поголема безбедност во сообраќајот, побрз проток на возила и нормално помодерен и поурбан, вели Јорданов.

Со враќањето на домашните, но и странските студенти во амфитетарите и предавалните на штипскиот Универзитет „Гоце Делчев“ метежи низ градот е зголемен и во текот на работните денови нема доволен број на слободни паркинг места низ централното подрачје. вдј/свс/

Остани поврзан