• понеделник, 23 јуни 2025

Во штипските училишта завршуваат 443 матуранти, прославите почнуваат од утревечер

Во штипските училишта завршуваат 443 матуранти, прославите почнуваат од утревечер

Штип, 15 мај 2025 (МИА) – Во четирите средни училишта во Штип оваа година завршуваат 443 матуранти. Матурските прослави почнуваат од утре, со дефиле на матурантите од СОУ „Коле Нехтенин“, информираше денеска Снежана Санева раководител на Сектор за образование, јавни дејности и ЛЕР во Општина Штип. Утревечер ќе дефилираат низ центарот на Штип со што започнуваат матурските прослави.

-Матурските прослави почнуваат од 16 мај, односно од утре. Започнуваат матурантите од  СОУ „Коле Нехтенин“ со дефиле кое ќе започне во 19 часот од плоштадот „Слобода“. На 19 мај е СОУ „Славчо Стојменски“, на 20 мај е „Димитар Мирасчиев“ и на 21 мај е „Јане Сандански“, изјави Санева.

Таа истакна дека изминатиот период се одржани и средби со претставници од СВР Штип, со цел да се потенцира дека на матурската вечер матурантите не треба да консумираат алкохол и пијани да управуваат со автомобили. Ова е со цел матурските вечери да се реализираат без инциденти, мирно и весело. 

Во меѓувреме матурантите се подготвуваат и за полагање на матурски испит. Првиот по мајчин јазик е на 31 мај, а вториот, англиски или математика ќе се полага на 11 јуни. Штипските матуранти оваа година по првпат државната матура ќе ја полагаат во амфитеатрите на Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип, со цел да се испочитува Правилникот и да не се дозволи препишување на испитите. вдј/вј/

Фото: МИА

Остани поврзан