• сабота, 23 ноември 2024

Во штипската населба Баби планирана е индустриска зона

Во штипската населба Баби планирана е индустриска зона

Штип, 9 август 2022 (МИА) - Во штипската населба Баби, каде беа нелегално изградени објекти и фарми е предвидена индустриска зона. Жителите од оваа населби некoлкупати досега реагираа  на неподнослива мизирба до комуналниот инспектор. Раководителот на Одделението за урбанизам при Општина Штип, Лазар Хаџи Николов истакна дека на просторот не треба да има бесправно изградени објекти, поставените ќе се остранат и ова ќе биде нова инсустриска зона во градот.

-Врз основа на претходно направени анализи од Одделението за урбанизам се констатира дека предметниот простор, во иднина би бил атрактивен за изработка на посебен план за урбанистичка документазија со која би се овозможило развој, проширување на градот за сметка на парцели со намена индустрија. Од друга страна се покажа дека на самото место од повеќе инвеститори се градат бесправно изградени објекти со најразлични намени, кои постапки и судбина на овие објекти би била да се спроведе соодветна постапка за нивно отстранување, вели  Хаџи Николов.

Потенцираше дека без разлика дали станува збор за објекти во планскиот опфат или надвор од него граѓаните треба да имаат одобрени за градба од општината. Во конкретниот случај одобрение немаат, што значи истите треба да се отстранат. Можни се и кривични пријави за граѓаните кои поставиле објекти и ги користат за разни намени.

-Како и да е вакви објекти не би можело да егзистираат без разлика дали се во плански опафат или надвор за изградба на објекти без разлика каква и да е намената,  додава Хаџи Николов.

Тој истакнаа дека населба Баби се наоѓа на границата во Генералниот урбанистички план што значи овде не смее да се чува стока. Истовремено, објектите се на државно земјиште па мора да се отстранат, односно нема простор за нивна легализација.вдј/дма/

Остани поврзан