• петок, 22 ноември 2024

Во штипската Клиничка болница ќе се влегува од задниот влез

Во штипската Клиничка болница ќе се влегува од задниот влез

Штип, 6 септември 2024 (МИА) - Од задниот влез ќе се влегува во Клиничка болница Штип, бидејќи се изведуваат градежни активности на новиот кружен тек, информираа преку пишано соопштение од Клиничка болница - Штип. Во него се наведува дека ги известуваат граѓаните, но и останатите здравствени домови од Брегалничкиот регион, дека потегот помеѓу улиците „Генерал Михајло Апостолски“ и „Тодор Коларов“ ќе биде затворен за проток на сообраќајни возила, а ќе се користи задниот влез на болницата.

-Со отпочнување на градежни активности за реализација на проектот, односно поставување асфалт на кружниот тек, ќе биде затворен за сообраќај потегот помеѓу улицата „Генерал Михајло Апостолски„ и „Тодор Коларов“. Ќе се користи задниот влез на КБ Штип викан „Стара капија“ на улицата „Љубен Иванов“, стои во соопштението од болницата.

Проектот за Реконструкција на крстосницата помеѓу улиците „Генерал Михајло Апостолски“ и „Тодор Коларов“ е со цел изградба на  турбо кружен тек, кој ќе ја подобри безбедноста во сообраќајот во овој дел од градот Штип. Кружниот тек е со овална внатрешност и поврзува пет улици меѓу кои и улицата која води до штипската Клиничка болница. вдј/вј/ 

Фото: МИА

Остани поврзан