• петок, 05 декември 2025

Во штипската Брза помош зголемен број на пациенти со стомачни вируси

Во штипската Брза помош зголемен број на пациенти со стомачни вируси

Штип, 9 јули 2025 (МИА) – Зголемен бројот  на пациенти со стомачен вирус, се жалат и на вртголавица, омалаксаност и повраќање, информираат од Итната медицинска помош при ЈЗУ Здравствен дом „Панче Караѓозов“-Штип. Соопштуваат и дека најчесто лицата доаѓаат во тешка здравствена состојба, бидејќи се лекуваат во домашни услови и со лекарства на своја рака.

-Периодов пациентите најчесто се жалат на главоболки, втоглавици, омалксаност, а особено е зголемен бројот на пациенти со стомачен вирус, со чувство на гадење и течна столица. За жал многу често пациентите доагаат доцна, откако се целосно исцрпени и немаат енергија. Во летниот период исто така, имаме и пациенти кои што имаат убод од инскети, како и пациенти кои што имаат труење со храна. Во моментот дел се третираат во матичните служби, а дел на инфективно одделение во КБ Штип, во зависност од ситуацијата на пациентите, се вели во  соопштението од Итната медицинска помош Штип.

Во него се апелира да се почитуваат препораките на Министерството за здравство и Центарот за јавно здравје.

-Апелираме граѓаните да ги почитуваат препораките на Министерството за здравство, како и Центарот за јавно здравје. Особено лицата со хронични заболувања редовоно да ја пијат својата терапија, да внесуваат доволно течности, од 9 до 18 часот да не излегуваат на жештините. Доколку се приморани, тоа да го прават со носење на светли облеки, очила, капи и шешири. Доколку лицата имаат било какви промени со здравствената ситуација, апелираме веднаш да се консултираат со матичните лекари. Апелираме и до сите учесници во сообраќајот, да не консумираат алкохол и да се придржуваат до сообраќајните правила, велат од Итната медицинска помош Штип. вдј/

Фото: МИА

Остани поврзан