• сабота, 28 декември 2024

Во штипската Библиотека одбележан Денот на македонскиот јазик

Во штипската Библиотека одбележан Денот на македонскиот јазик

Штип, 5 мај 2023 (МИА) - „Моќта на јазикот, моќта на македонската азбука и јазик“ – вака беше насловен денешниот настан во штипската Библиотека „Гоце Делчев“ со кој беше одбележан 5 Мај – Денот на македонскиот јазик.

Во рамки на настанот публиката можеше да ужива во мизички перформанс на Градскиот хор 2019 Штип и литературно-поетско читање на ученици од СОУ „Јане Сандански“ – Штип, СОУ Гимназија „Славчо Стојменски“ – Штип и ООУ „Мануш Турновски“ од Струмица, а настанот со свои обраќања го збогатија и наставници од истите училишта.

Како дел од настанот беше поставена изложба на книги со раритетна вредност од 18 и 19 век кои се во сопственост на Библиотеката.

Ваквата активност е со цел да се оддаде почит на минатото, но и да се покаже дека знаеме да го цениме. Пораката е да се обврземе кон иднината дека тоа што ни е дадено со традицијата и со кодификацијата треба да го чуваме, да го негуваме и да го афирмираме, но и да го развиваме за да може македонскиот јазик и понатаму да остане убав и наш, на него да пееме, да твориме и да живееме. вдј/мс/ 

Фото: МИА

Остани поврзан