• вторник, 05 ноември 2024

Во Чифте Амам се отвора изложбата „Уметници и бегалци“

Во Чифте Амам се отвора изложбата „Уметници и бегалци“

Скопје, 2 април 2024 (МИА) - Во Национална галерија Чифте Амам вечер ќе биде отворена изложбата „Уметници и бегалци“. Со свои дела ќе се претстават Ѓорѓе Јовановиќ, Маја Танева и Озбек Ајваз од Северна Македонија, Бутринт Паша, Андин Бакија и Диела Вала од Косово, како и Серхи Тиекхов од Украина.

Како што информираат организаторите, Центарот за современи уметности – Скопје, СБункер – Приштина, Косово и WIN – Мрежа за интеграција на жените – Букурешт, Романија, изложбата е базирана на автентични сведочења раскажани од страна на украинските бегалци директно на уметниците вклучени во оваа изложба за време на нивната посета на бегалсикте заедници во Романија на почетокот на март 2024. 

Уметничките дела на оваа изложба се претставени во различни медиуми. Од чисти скулпторски форми на Маја Танева и Андин Бакија, до мобилни скулптури кои создаваат уникатна инсталација на мобилите на Ѓорѓе Јовановиќ. Делото на Озбек Ајваз во вид на скулптурална инсталација изработена од метал бара интеракција со публиката за да се добие целосна слика за уметничкото дело. Косовските уметници Диела Вала и украинскиот уметник Серхи Тиехов решија да ги споделат своите ставови и изразување преку класичните медиуми на сликање користејќи различни техники и пристапи. Конечно, Бутринит Паша како изведувачки уметник и театарски режисер се обидува да ја вклучи публиката со својата монодрама создадена во стил на извонреден театар насловена како „Кој ја сака мојата земја“.

-Проектот „Уметници и бегалци“ има за цел да ги раскаже искуствата од војната и агресијата врз Украина на публиката во Северна Македонија, Косово и поширокиот регион на Европа. Примарна цел на проектот е да ги поттикне бегалците да ги споделат своите приказни за агресија со светот, користејќи ја емоционалната моќ на уметноста и посветеноста на уметниците за да ги трансформираат овие приказни и сведоштва во уметнички дела. Изработените уметнички дела кои што се претставени создаваат отворена порта за гласовите на бегалците од Украина да се слушнат во другите делови на светот преку универзалниот јазик на уметноста, придонесувајќи на тој начин во борбата со лажните вести и наративи кои се однесуваат на агресијата врз Украина. На почетокот на идејата за оваа изложба уметниците добија тешка задача да ги трансформираат личните приказни на бегалците од Украина во уметнички дела користејќи ја емоционалната моќ на уметноста да ги шират автентичните наративи на украинските бегалци и на овој начин да придонесат за ширење на вистината за војната и агресијата, се наведува во најавата. мч/аа/

фото: Центар за современи уметности - Скопје

 

Остани поврзан