• петок, 22 ноември 2024

Во Чиле најден фосил на диносаурус со сочувани ембриони

Во Чиле најден фосил на диносаурус со сочувани ембриони
Лима, 13 мај 2022 (МИА) - Чилеански научници успешно откопаа еден од најцелосните фосили на ихтиосаурус во светот, со недопрени ембриони, од глечерот Тиндал во областа Патагонија. Зачуваниот фосил на женката рептил научниците го нарекоа Фиона. Долг е четири метри и треба да помогне при проучувањето на ембрионалниот развој на ихтиосаурусите, кои биле во морињата пред 90 - 250 милиони години. - Овој фосил е единствениот ихтиосаур со ембриони пронајден на планета од пред 129 до 139 милиони години. Значи, ова е неверојатно важно, рече Џудит Пардо, научникот што го откри фосилот. Пардо, палеонтолог од Антарктичкиот истражувачки центар „Гаја“ при Универзитетот „Магеланес“, го открила фосилот пред повеќе од едно десетлетие, но поради екстремните климатски услови, тешкодостапниот терен и оддалеченоста, неговото ископување било сложен логистички предизвик. Научниците го ваделе фосилот 31 ден, бидејќи фосилот е целосен и, секако, не смее да се оштети. Фосилот, како што се предвидува, ќе биде изложен во Природонаучниот музеј Рио Секо во јужен Чиле. Пардо изјави дека научниците откриле уште 23 примерока на ихтиосауруси при ископувањата, со што вкупниот број на единки најдени во глечерот Тиндал сега е речиси 100, што го прави подрачјето едно од најнаселените места со ихтиосауруси на планетава.  си/ми/

Остани поврзан