• понеделник, 23 декември 2024

Во Херсон избувнаа пожари по руско гранатирање, најмалку две жртви

Во Херсон избувнаа пожари по руско гранатирање, најмалку две жртви

Киев, 28 декември 2023 (МИА) - По руско гранатирање избувнаа пожари во Херсон, а има и жртви, соопшти вечерва шефот на воената управа на областа Херсон, Олександр Прокудин, пренесуваат украинските медиуми.

-Центарот на Херсон повторно е под оган од руската артилерија. Мета на окупаторите биле станбени згради. На некои места, пожарите се разгоруваат на местата на ударот. Во моментов се познати две жртви. Една од нив е 92-годишна жена, се наведува во објавата на каналот Телеграм.

Како што претходно објавија украинските медиуми, денеска одекнаа неколку експлозии во областа Днепар во Херсон поради руското гранатирање од левиот брег.

Руската армија попладнево ја гранатираше населбата Новотијагинка во областа Херсон, при што е повреден еден цивил. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан