• петок, 22 ноември 2024

Во хеликоптерска несреќа загина пратеникот Оливие Дасо, еден од најбогатите Французи

Во хеликоптерска несреќа загина пратеникот Оливие Дасо, еден од најбогатите Французи

Париз, 7 март 2021 (МИА) -  Шеесет и деветгодишниот француски милијардер, најстар син на Серж и внук на Марсел Дасо, денеска загина во хеликоптерска несреќа. Дасо беше пратеник од Оаз од 2002 година, и директор на групацијата Фигаро, сопственик на истоимениот весник, јави дописникот на МИА.

Според списанието Форбс, Дасо се наоѓа на 361 место во светот со богатството проценето на пет милијарди евра. Тој прво студирал на Возудхопловната школа, каде што следел обука за офицер, инженер и пилот,а потоа станал и командант на резервните воздухопловни сили.

Кога неговиот дедо, индустријалецот Марсел Дасо, почина во 1986 година, неговиот татко Серж го смести во две од неговите бизнис групации Сервис Фалкон за Европа и авијација Дасо. Тој истовремено беше и потпретседател на прес-групацијата Валмонд (сопственик на „Валер актуел“), администратор на „Журнал де финанс“, директор на Сопрес и претседател на Надзорниот одбор на Дасо групацијата.

Како и неговиот татко, и Оливие Дасо си најде место во политиката, од 1988 година како пратеник од Оаз, место од кое требаше да се откаже во 1997 година, за потоа повторно да биде избран во 2007 година. Мандатот што го имаше и денеска го носеше под боите на Републиканците. Во 2017 година, меѓу два изборни круга, тој зазеде став за поддршка на кандидатот Емануел Макрон против Марин Ле Пен.тг/сд/

Остани поврзан