• недела, 22 декември 2024

Во Франција нападнат кандидат за пратеник од партијата „Национален собир“

Во Франција нападнат кандидат за пратеник од партијата „Национален собир“

Париз, 21 јуни 2024 (МИА) - Десет дена пред првиот круг од парламентарните избори во Франција, што ќе се одржат на 30 јуни и 7 јули, кандидатот за пратеник од десничарската партија „Национален собир“, Ерве Бреј (68), бил нападнат вчера додека се делеле летоци на пазар во источниот департман Лоара, јавија француските медиуми.

Четири маскирани лица облечени во црно му се заканувале на Бреј и на другите активисти на партијата и почнале да ги туркаат.

Кандидатот за пратеник од таа партијата, кој носел пејсмејкер, доживеал мозочен удар од стрес и бил пренесен во болница, наведуваат локалните медиуми. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан