• недела, 22 декември 2024

Во „Франс фудбал“ имале притисок од Реал пред доделувањето на „Златната топка“

Во „Франс фудбал“ имале притисок од Реал пред доделувањето на „Златната топка“

Париз, 29 октомври 2024 (МИА) - Главниот уредник на „France Football“, Винсент Гарсија изјави дека Реал Мадрид врши притисок врз него да го дознае името на добитникот на Златната топка за 2024 година.

- Реал Мадрид ми вршеше притисок да дознам дали Винисиус победил и можеби мојот молк ги натера да помислат дека нивниот фудбалер не е добитник на наградата, па не се појавија на манифестацијата, изјави Гарсија за „L'Equipe“.

Во Париз синоќа се одржа церемонијата на доделување на „Златната топка“. Добитник на наградата е играчот од средниот ред на Манчестер сити и репрезентацијата на Шпанија, Родри, кој во гласањето беше пред играчите на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор и Џуд Белингам. 

На церемонијата не присуствуваше ниту еден претставник на Реал Мадрид. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан