• понеделник, 23 декември 2024

Во ТППЕ М. Каменица инсталирана најсовремена опрема во рамки на проект за прекугранична соработка

Во ТППЕ М. Каменица инсталирана најсовремена опрема во рамки на проект за прекугранична соработка

Македонска Каменица, 8 јануари 2023 (МИА) - Во просториите на Територијалната противпожарна единица од Македонска Каменица деновиве инсталирана најсовремена опрема како дел од проектот „Изградба на интегриран систем за откривање и спречување на шумски пожари во Невестино и Македонска Каменица“. Завршната прес конференција и официјалното пуштање на проектот во употреба се закажани за в понеделник (09.01.2023), во Домот на култура во Македонска Каменица со почеток од 13:00 часот.

- Заради навремено прифаќање на информациите кои се добиваат од Кулата за рана детекција на шумски пожари која е лоцирана во атарот на село Саса и заради брзо дејствување, на терен се одржа обука на која присуствуваа сите вработени во Територијалната Противпожарна единица во Македонска Каменица, се вели во поканата по повод утрешниот настан.

Проектот „Изградба на интегриран систем за откривање и спречување на шумски пожари во Невестино и Македонска Каменица“ е со референтен број CB006.2.12.039, а се реализира преку ИПА Програмата за прекугранична соработка меѓу Бугарија и Македонија, односно како партнерство меѓу Општина Невестино, Бугарија и ЈП „Камена Река“ Македонска Каменица.

Вкупниот буџет за реализација на проектот е 391.841,52 евра, при што партнери на буџетот се Општина Невестино – 195 269.52 евра и Јавно Претпријатие „Камена Река“ - 196.572.00 евра. вс/сх

Остани поврзан