• среда, 11 септември 2024

Во Тирана денеска почнува Самит на авганистанските жени 

Во Тирана денеска почнува Самит на авганистанските жени 

Тирана, 11 септември 2024 (МИА) - Во Тирана денеска почнува тридневен  Самит на жените од Авганистан, што е најголема средба на активистки за човекови права на жени и девојки од Авганистан во последните три години.

Самитот се одржува под покровителство на албанската Влада и е во организација на „Жените за Авганистан (WFA)“, во соработка со владите на Шпанија и Швајцарија.

Околу 100 Авганистанки, вклучително и мрежи на авганистански жени во различни земји, ќе учествуваат на тридневниот самит како платформа за градење единство и кохезивна порака и засилување на нивниот глас, објави Ора њуз.

Самитот ќе биде отворен за медиумите само денеска во период од еден час, кога свое обраќање ќе има албанскиот министер за Европа и надворешни работи Игли Хасани. вт/сд/

 

Остани поврзан