• недела, 22 декември 2024

Во Тетово трибина како почеток на кампања „Стоп за мали хидроцентрали на Лешница“

Во Тетово трибина како почеток на кампања „Стоп за мали хидроцентрали на Лешница“

Тетово, 22 септември 2020 (МИА) - Со трибина на отворено во Тетово иницијативен одбор составен од претставници на граѓанските здруженија, планинари, екологисти и други започна кампања „Стоп за мали хидроцентрали на Лешница“. 

Според иницијаторите, повеќе засегнати страни се обединети во таканаречениот „Зелен фронт“ кои ќе дејствуваат во насока за запирање на изградбите на малите хидроцентрали во месноста Лешница но и во идното заштитено подрачје на Шар Планина.

-Во функција се 11 малихидроцентрали и просторот неповратно е девастиран. Штетите се страотни-се доведува до помор на живот свет во реките и недостиг на вода за потребите на локалното население. Луѓето од селата ќе мигрираат. Шумскиот фонд ќе се намали, што посредно ќе влијае на загадувањето на воздухот и климатски промени, ќе има свлечишта и зимски лавини кои ќе загрозуваат човечки животи, истакна Дејан Доневски, планинар и член на иницијативата.

Дел од учениците на трибината порачаа дека потребна е ваква иницијатива која како онаа во Босна и Херцеговина треба да издејствува законска забрана за градба на вакви хидроцентрали.

-За нас ова е злосторничко здружување каде се направи екоцид врз природата и треба сериозно да се размислува и работи за спречување на ова лошо влијание на хидромафијата врз Шара и другите места кои се од национален интерес.  Македонија е држава која треба да почитува меѓународни конвенции кои ги има потпишано, Архусовата конвенција за пристап на јавноста до информации кои се врзуваат со животната средина. Треба да се почитува Бернската конвенција со која Шар Планина и без да се прогласи како национален парк е емералд зона каде строго се забранува било какви хидроцентрали, истакна Нгандим Мехмети од граѓанскиот сектор.

Зелен фронт наредниот викенд на Лешница ќе го изрази револтот против изградбата на малите хидроцентрали со марш до таму.

-Во наредниот период ќе се оспорат договорите за концесија, дозволите за градба бидејќи во се нарушеуени конвенција за биолошпка разновидност, конвенција за пристап до информации, учество на јавноста во одлучувањето. Доколку е потребно ќе одиме на терен да ја спречиме градбата, рече Дејан Доневски.

Од учесниците беа посочени и други аспекти од негативното влијание врз општеството од изградбата на хидроцентралите.ас/бт/

Остани поврзан