• петок, 22 ноември 2024

Во Тетово одбележан Меѓународниот ден на Ромите

Во Тетово одбележан Меѓународниот ден на Ромите

Тетово, 6 април 2023 (МИА) - Во пресрет на Меѓународниот ден на Ромите 8 Април градоначалникот на Општина Тетово, Биљал Касами, денеска оствари средба со претставници на ромската заедница во градот. Темата на разговор беше унапредувањето на условите во кои живеат Ромите во Тетово, особено со проектната едницата за имплементација на проекти за Ромите и другите маргинализирани општествени групи.

-Општина Тетово ни овозможи како заедница да имаме проектна единица која што ќе се занимава со Ромите и другите маргинализирани групи. Сме во тек со план програма и сме во реализација во делот на инфраструктура. Се зборува за две населби каде што живеат поголем број од ромската заедница тоа се населбите „Јадранска“ и „Прохор Пчински“. Општина Тетово има потпишано меморандум со УСАИД и организацијата Ромалитико исто така имаме соработка и со Советот на Европа, Програмата Ромактед, треба да потпишеме договори за шест тутори и еден консултант каде што ќе бидат ангажирани во основните училишта и ќе се залагаат со децата Роми, изјави Шефкете Хамза.

Градоначалникот Касами истакна дека заедно со ромската заедница проектната единица е усвоена во Советот и интензивно се работи на таа програма.

-Сигурни сме дека до крајот на годината таа програма ќе се реализира и се надеваме дека во следните години ќе бидат збогатена со повеќе проекти во интерес на подобрување на условите во кои што живее ромската заедница во Тетово. Сакаме да покажеме дека различности се наша вредност и подобрување на условите е една од нашите највисоките приоритети, изјави Биљал Касами.

Мабера Камбери од Министерството за труд и социјална политика (МТСП) посочи дека градоначалникот тесно соработува со институцијата од која што таа доаѓа.

-Во рамки на МТСП се имплементираат неколку проекти каде што Општина Тетово е дел од тие проекти, како што е проектот за вклучување на деца во предучилишно образование, Проектот за ромски информативен центар, каде имаме вработено Ромка во Центар за социјална работа. Имаме проекти Ромактед продолжение на РОМЕД програмата и сите овие проекти и проектната единицата треба да соработуваат тесно со МТСП и со другите ресорните минситерства за да се подобри интеграцијата на Ромите во Тетово, истакна Мабера Камбери.

Таа посочи дека како што е на национално ниво и во Тетово за Ромите има најголема вклученост во образовниот систем на сите нивоа. Во делот на домувањето главен предизвик на Тетово е инфраструктурно уредување на една населба близу реката Пена каде што живеат Роми. ас/аа/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан