• понеделник, 23 декември 2024

Во Тетово излезноста 3 отсто, во Брвеница 3,28 отсто, во Желино 2,92, во Теарце 2,76 и во Боговиње 2,3 проценти

Во Тетово излезноста 3 отсто, во Брвеница 3,28 отсто, во Желино 2,92, во Теарце 2,76 и во Боговиње 2,3 проценти

Тетово, 31 октомври 2021 (МИА) - Во Општина Тетово на вториот круг од локалните избори излезноста до 9 часот е 3 отсто, соопштија од Општинската изборна комисија во Тетово.

-Не се забележани поголеми проблеми, а за потешкотии со терминалите за отпечатоци од прсти избирачките одбори имаат поддршка од информатичари кои доаѓаат до нивните места, инфомира Назми Даути, секретар во ОИК Тетово.

Според податоците на општинските изборни комисии во тетовскиот регион, во Општина Брвеница  излезноста до 9 часот е 3,28 отсто од вкупно запишани 15 732 избирачи.

Во Желино е 2,92 отсто од 23 485 избирачи, во Теарце 2,76 отсто од 22 450 граѓани со прао на глас. Во Општина Боговиње гласале 2,30 отсто од 23 981 избирач. ас/вг/

Остани поврзан