• четврток, 26 декември 2024

Во тек пријавувањето за општинско-корисна работа во Берово

Во тек пријавувањето за општинско-корисна работа во Берово

Берово, 7 јуни 2023 (МИА) - Во Берово е распишан јавен повик до евидентирани невработени лица за вклучување во програмата општинско-корисна работа. 

Со јавниот повик се предвидени 17 работни позиции, а право на учество, како што информираа од Општината, имаат сите невработени лица, при што предност ќе имаат лицата кои за прв пат се јавуваат за учество во Програмата.

- Работните позиции кои се опфатени со овој оглас се однесуваат на ангажирање на 
четири негуватели на деца од предучилишна возраст, 8 лица односно по двајца вработени за позициите негувател за стари лица во Домот за стари лица/геронтодомаќин, личен асистент на деца со телесна и интелектуална попреченост во Малиот групен дом, негувател на стари и изнемоштено лица-палијативна нега и негувател на стари и изнемоштено лица-алцхајмер. Останатите позиции за кои може да се аплицира се двајца фацилитатори за координација и поддршка на социјални услуги во народна кујна и едно лице фацилитатор за оддржливи социјални услуги на ранливи категории, информираа од Општината.

Оттаму ги повикаа сите евидентираните невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во програмата општинско-корисна работа, проект „Социјални услуги за еднакви можности”.

- Работниот ангажман за апликантите е со скратено работно време од 9 (девет) месеци.  Заради стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд, потребно е да се пријават во Агенција за вработување- Центар за вработување Берово. Евидентираните невработени лица кои немаат сертификат/уверение признаен од релевантните институции за стекнати вештини/ компетенции за занимања од социјалната и здравствената сфера согласно услугата која треба да се испорачува ќе бидат вклучени во програмата при што 3 месеци ќе добијат задолжителна обука и 6 месеци работно ангажирање, додадоа од Општина Берово.

За кандидатите кои ќе бидат избрани и вклучени во Програмата Општинско-корисна работа се предвидува паричен надоместок во висина од 13.750,00 денари бруто износ за времетраењето на обуката и работното ангажирање, со вклучени данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест. За повеќе детали околу јавниот повик кој е отворен до 9 јуни 2023 година од Општината ги упатија заинтересираните да ја посетат општинската веб-страница. вс/цр

Фото: Општина Берово

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан