• сабота, 23 ноември 2024

Во тек постапка за отстранување на бесправно изградените гаражи и други помошни објекти во Делчево

Во тек постапка за отстранување на бесправно изградените гаражи и други помошни објекти во Делчево
Делчево, 12 април 2022 (МИА) - Во Делчево во тек е постапка за отстранување на бесправно изградените гаражи и други помошни објекти на булевар „Македонија“. Постапката, како што информираше Даниела Такева од Општина Делчево, се реализира поради тоа што објектите се изградени на земјиште во сопственост на РСМ, и даваат лош изглед на градот. -Станува збор за процедура која дава одредени рокови. Во интерес на постапката која се води транспарентно, повторно ќе се организира средба со сопствениците и претставници од Општина Делчево, заедно со градежната инспекторка. Бараме трпение од граѓаните и потенцираме дека во тек е решавање на проблемот, потенцираше Такева. Истовремено од утрово, како што информираше, инспекциски служби повторно извршиле инспекциски надзор на теренот со цел увид во фактичката состојба. -Општинските служби извршија теренска проверка на пријава за оставен огревен материјал - дрва на јавен простор и во дворни места на станбени згради и на нив им е наложено, во законскиот рок да ги отстранат. Исто така, на јавна површина има оставено пластичен отпад, за што е наложено да биде отстранет веднаш, додаде Такева. Од општината апелираа до граѓаните за поголема свест и грижа за животната средина, да се почитуваат законите од областа на комуналната хигиена и јавна чистота, се со цел да не се „провоцираат“ парични казни, а од друга страна градот да добие почиста и поубава средина. По отстранувањето на бесправно изградените објекти, согласно ДУП се планира парковско уредување на споменатата локација. вс/вј/  

Остани поврзан