• понеделник, 23 декември 2024

Во тек е пријавување за субвенциониран студентски оброк

Во тек е пријавување за субвенциониран студентски оброк

Скопје, 1 ноември 2024 (МИА) - Министерството за образование и наука потсетува дека од 1 до 5 ноември е отворен рокот за пријавување за правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2024-2025 година.

Сите студенти кои ги исполнуваат условите, а не аплицирале до сега, може да се пријават електронски преку порталот https://e-uslugi.mon.gov.mk/.

Финансиската поддршка изнесува 140 денари и е наменета за купување храна, која студентите може да ја користат од понеделник до сабота, кај правни лица кои произведуваат, подготвуваат или продаваат храна.

На линкот https://mon.gov.mk/content/?id=8727 се наведени условите и критериумите за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк. 

-Ако имате потреба од поддршка при аплицирањето, можете да се обратите до Секторот за ученички и студентски стандард на e-mail: subvencioniran.obrok@mon.gov.mk или да посетите канцеларијата на приземјето во зградата на министерството, наведува МОН. хс/са/

Фото: МИА архива 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан