• понеделник, 23 декември 2024

Во тек е пријавувањето за планинарскиот марш по повод 80 години од Февруарскот поход

Во тек е пријавувањето за планинарскиот марш по повод 80 години од Февруарскот поход

Делчево, 20 февруари 2024 (МИА) - Во Делчево во тек е пријавувањето за планинарскиот марш кој по повод одбележувањето 80 години од Февруарскиот поход в недела ќе се одржи на планината Голак. 

Општина Делчево претходно за в петок организира пригодна свеченост на планината Голак, каде во рамки на одбележувањето на настанот пред спомен плочата на Февруарскиот поход ќе биде положено цвеќе. 

-Пријавување за учество на планинарскиот марш е кај лицето Љупчо Чучуковски, претседател на ПСК „Голак“ или во Општина Делчево. Тргнувањето за учесниците на планинарскиот марш в недела е планирано во 8.00 часот на 25.02.2024 година од пред Спомен-домот АСНОМ, а маршот ќе биде со следната маршрута: Делчево-Стар Расадник-манастирски комплекс „Св. Богородица Балаклија“-детско одмаралиште-шумска зграда. Патеката е долга 20 километри (во двата правци), информираа од Општината.  

Оттаму ги повикаа претставниците на институциите, политички партии, здруженија на граѓани и заинтересирани граѓани да присуствуваат на настанот во петок и да положат цвеќе. 

-Во рамките на одбележувањето ќе биде положено цвеќе на спомен-плочата којa го чува споменот за успешно изведената воена операција на планината Голак, а преку реферат подготвен од членовите на КУД „Гоце Делчев“ ќе бидат изнесени историски факти за тактичката воена операција и нејзиното значење, додадоа од Општината.  

Тргнувањето за учесниците за настанот  в петок (23 февруари 2024) е во 11:00 часот од пред Спомен-дом АСНОМ. вс/дма/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан