• сабота, 23 ноември 2024

Во тек е конкурсот за доделување на наградата „Рацинови признание“ за 2024 година

Во тек е конкурсот за доделување на наградата „Рацинови признание“ за 2024 година

Велес, 16 април 2024 (МИА) – Во тек е конкурсот за доделување на наградата „Рациново признание“ за 2024 година, делата треба да се достават најдоцна до 17 мај 2024 година.

Како што информираат од Општина Велес, право на учество на конкурсот имаат сите автори и издавачи кои во периодот од јуни 2023 година до мај 2024 година објавиле прозни дела на македонски автори.

Делата се доставуваат во три  примероци на адреса Општина Велес, улица „Панко Брашнар“ број 1, 1 400 Велес со назнака „За конкурс за доделување на наградата „Рациново признание“ за 2024 година“.

Наградата „Рациново признание“ се доделува за прозни, литературни остварувања на автори од земјава објавени во периодот меѓу две манифестации „Рацинови средби“. ад/ар/

Фото: МИА 

Остани поврзан