• петок, 22 ноември 2024

Во текот на една недела санкционирани 234 непрописно паркирани возила на територијата на Општина Центар

Во текот на една недела санкционирани 234 непрописно паркирани возила на територијата на Општина Центар

Скопје, 24 октомври 2023 (МИА) – ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција - Скопје во текот на една недела санкционираа 234 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

- Во периодот од 16.10. до 22.10.2023 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 126 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 108 возила, кои биле затекнати на резидентни паркиралишта, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани, стои во соопштението на ПОЦ.

ЈП ПОЦ и Општина Центар секојдневно водат грижа за да го доведат во ред сообраќајниот хаос настанат од непрописно паркираните возила на територијата на Општина Центар. Оттаму потсетуваат на почитување на сообраќајните правила од страна на секој учесник во сообраќајот со цел одржување на ред и безбедност на улиците. ра/са/

Фото: МИА

Остани поврзан