• петок, 22 ноември 2024

Во Тајланд пронајден древен скелет од редок вид кит

Во Тајланд пронајден древен скелет од редок вид кит
Бангкок, 27 ноември 2020 (МИА) - Во Тајланд е пронајден речиси совршено зачуван скелет од редок вид кит, за кој научниците проценуваат дека е стар меѓу 3.000 и 5.000 години. Скелетот е пронајден на почетокот на овој ноември, на 12 километри западно од Бангкок. Долг е 12 метри. Научниците веруваат дека станува збор за скелет на кит од реткиот вид брајд. Тие се надеваат дека ова откритие ќе помогне да се разјасни биолошката разновидност и палеобиолошко-геолошките услови за времето од кое потекнува скелетот, како и сличностите и разликите со брајдовите китови кои постојат денес. Проф. Маркус Чуа од Националниот универзитет во Сингапур за Би-Би-Си изјави дека делумно фосилизираните скелети се вистинска  реткост. - Во Азија се пронајдени само неколку фосилизирани скелети на китови, а уште помалку - во така добро сочувана состојба, нагласи тој. Фотографиите споделени од тајландскиот министер за животна средина покажуваат дека коските на китот се речиси недопрени. си/сд/

Тагови

Остани поврзан