• понеделник, 23 декември 2024

Во Тајланд почна со работа најголемата пловечка сончева фарма

Во Тајланд почна со работа најголемата пловечка сончева фарма
Бангкок, 15 ноември 2021 (МИА) - Во Тајланд беше пуштена во употреба најголемата пловечка сончева фарма во светот. Таа е изградена на браната „Сириндхорн“, на реката Лам Дом Нои. Платформата има капацитет да генерира 45 мегавати енергија, со нејзините сончеви панели. Ова доаѓа во време кога Тајланд почна да напредува во постигнувањето на целите за независност од јаглерод. Тајландскиот премиер Прајут Чан-о-ча на Конференцијата на ОН за климатски промени во Глазгов, Обединетото Кралство, изјави дека неговата земја сака да постигне јаглеродна неутралност до 2050 година. Во овој миг во Тајланд, две третини од енергијата се добива од природен гас. Тајланд произведува 114.000 гигавати енергија користејќи природен гас, додека обновливите извори енергија како што се сончевата, ветерот и водата задоволуваат помалку од 10 отсто од потребите на населението. Остатокот се добива со користење јаглен, што е значајна причина за штетните емисии. На фармата голема колку 70 фудбалски игралишта, има 145.000 панели направени од еколошки материјали. Површината на водата ќе помогне да не се прегреат панелите и да бидат до 15 отсто поефикасни од оние што се инсталирани на копно. Изградбата на соларната фарма чинеше 34 милиони евра, а нејзината излезна моќност е 45 мегавати. Дизајнерите вклучија и три турбини кои можат да се потопуваат во вода и да генерираат енергија кога има помалку сончева светлина или кога побарувачката е поголема. Фармата ќе биде достапна за јавноста за да развие интерес за оваа технологија и да се создадат што повеќе еколошки одржливи потфати во регионот. Засега, планирани се 15 слични проекти со коишто капацитетот за собирање енергија ќе се зголеми за 2.725 мегавати.  си/

Остани поврзан