Во Струмица се чистат дивите депонии, истите се „отвораат“ за неколку денови
- Повеќе пати во годината се чистат депонии, се собираат стотици камиони смет, но за неколу дена пак се појавуваат истите, алармираат од струмичкото комунално претпријатие.
Струмица, 21 јули 2025 (МИА) - Повеќе пати во годината се чистат депонии, се собираат стотици камиони смет, но за неколу дена пак се појавуваат истите, алармираат од струмичкото комунално претпријатие.
Информираат дека деновиве со механизација се работи на повеќе места низ градот, на улица „Антон Панов“, како и на влез во селото Баница.
-Чистењето диви депони претставува наш одговор кон почиста животна средина, а нивното појавување ја покажува културата на поединци кои секојдневно го истурат отпадот насекаде. Вложување во механизација, максимално користење на сите ресурси кој ги поседуваме, секојдневното наше апелирање и присуство на терен не ја посодобруваат состојбата, се наведува во информацијата од ЈПКД „Комуналец“.
На отворањето нови диви депонии реагираше и градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, кој ги повика граѓаните да да бидат совесни и да не фрлаат ѓубре каде ќе стигнат, а институциите да постапуваат ригорозно со казни и санкции.
Како што напиша на неговиот фејсбук профил, Струмица не е депонија, туку Струмица е наш дом и дека доста е со „ќе го исчистат“. Сега е време за „нема да го фрлам“.рт/дма/
Фото: ЈПКД „Комуналец“ Струмица