• понеделник, 23 декември 2024

Во Струга поставени две повратни вендинг машини за пластични шишиња и лименки

Во Струга поставени две повратни вендинг машини за пластични шишиња и лименки

Струга, 22 јули 2024 (МИА) - Во рамките на платформата за општествена одговорност „Наша
гордост. Наша одговорност.“, „Пакомак“ на територијата на општина Струга во два маркети
постави две повратни вендинг машини.

Целта на поставување на вендинг машините, како што истакна Наташа Калајџиеска, помлад
соработник за управување со отпад во Општина Струга, е да се подигне општествената свест на
граѓаните за селектирање на отпад.

- Да ги натераме граѓаните активно да се вклучат во процесот на селекција на отпад од пакување,
конкретно на пластични шишиња и лименки. Со поставување на овие машини придонесуваме за
намалување на отпадот по улиците и плажите, а со тоа овозможуваме почиста околина, истакна
Калајџиеска.

Со селектирање пластична амбалажа или лименки во машините, појасни, граѓаните ќе имаат
можност да собираат зелени поени со помош на бесплатната мобилна апликација на „Пакомак“ наречена „Ecomak“.

- За собирање зелени поени граѓаните пред користењето на машината ќе треба да го скенираат
баркодот што се појавува на нивната мобилна апликација и по фрлањето на отпадот, ќе им бидат
доделени зелени поени во зависност од количината фрлен отпад во машината. Секој корисник на
мобилната апликација има свој личен баркод, додаде Калајџиеска.

Зелените поени ќе може да бидат заменети со вредни придобивки и поволности како ваучери за
попусти во маркети и во други продажни објекти, попусти при плаќање јавни услуги и комунални
трошоци, донации...

Средствата за покривање на повратните поени од вендинг машините се обезбедени од Буџетот на
Општина Струга. сс/дма/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан