• петок, 22 ноември 2024

Во средното училиште „Марија Кири Склодовска“ се одржа настан за иновативни програми за трансформација на биоотпадот и биотехнологии

Во средното училиште „Марија Кири Склодовска“ се одржа настан за иновативни програми за трансформација на биоотпадот и биотехнологии

Скопје, 20 септември 2024 

Во првата биотехнолошка лабараторија која Град Скопје со поддршка на УНДП ја отвори во средното училиште „Марија Кири Склодовска“ се одржа настан во организација на УНДП за иновативни програми за трансформација на биоотпадот и биотехнологии.

Градската биотехнолошка лабараторија генерира голем интерес кај научната заедница и приватниот сектор, како место за учење и експериментирање, но и запознавање со нови иновативни технологии.

Во рамките на денешната програма од настанот, учесниците за прв пат во Македонија имаа можност да работат со иновативни технологии, односно да се запознаат со примената на  бактеријата SCOBY (Symbiotic Culture of Bacteria and Yeast) која го намалува времето на трансформација на биоотпадот и го трансформира биоотпадот во биоактивни материјали кои можат да се користат во други индустрии. 
 
На настанот организиран од УНДП, голем број домашни и меѓународни експерти дискутираа, експериментираа и презентираа позитивни практики од употребата на иновативни алатки и методи за трансформација на биоотпадот, циркуларната економија и други теми поврзани со оваа актуелна област.

 Град Скопје

_______________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан