• сабота, 23 ноември 2024

Во Софија се отвора Музеј на ракијата

Во Софија се отвора Музеј на ракијата

Софија, 14 септември 2023 (МИА) - Во центарот на Софија се отвора Музеј на ракијата. Посетителите ќе можат да вкусат различни видови од овој традиционален балкански алкохолен пијалак.

- Крајно време беше Бугарија да добие ваков музеј... (Посветен, б.п.) на овој „свет напиток“ за Бугарите. Дури и малку доцниме со ова отворање, изјави иницијаторот на оваа идеја, Иво Жеглов, за тамошните медиуми.

Тој вели и дека секој што ќе реши да го мине прагот на овој музеј ќе може да се запознае со технологијата на варење ракија и со традициите на нејзино консумирање.  си/

Фото: Википедија

Остани поврзан