• вторник, 24 декември 2024

Во Собранието презентација на Извештајот за родовата застапеност во изборите и политичките процеси во земјава

Во Собранието презентација на Извештајот за родовата застапеност во изборите и политичките процеси во земјава

Скопје, 8 ноември 2023 (МИА) - Во Собранието денеска ќе се одржи презентација на Извештајот „Родовата застапеност во изборите и политичките процеси во Северна Македонија: научени лекции и препораки за парламентарните избори во 2024 година“.

Како што информираат од собраниската прес-служба, воведни обраќања ќе имаат Лолита Ристова, претседателка на Клубот на пратенички и Јоана Козма, директорка на ИФЕС во земјава.

Флоренс Гану, меѓународна консултантка за родови прашања, ќе ги презентира наодите од Извештајот за проценката, наодите и препораките за зајакнување на политичкото учество на жените на претстојните парламентарни избори.фф/мд/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан