• вторник, 02 јули 2024

Во Скопје 189 сообраќајни прекршоци, 82 за брзо возење

Во Скопје 189 сообраќајни прекршоци, 82 за брзо возење
Скопје, 5 март 2022 (МИА) - Вкупно 189 санкции, меѓу кои 82 за возење повеќе од дозволената брзина санкции, 13 за возење без возачка дозвола и пет за технички неисправни и нерегистрирани возила се изречени на територија на град Скопје во вчерашната засилена акциска контрола во областа на сообраќајот. Како што информира МВР, изречени се и седум мерки за користење мобилен телефон, три санкции за возење под дејство на алкохол, три за минување на затворен сигнал (црвено светло), 45 за непрописно паркирање. Од МВР најавуваат дека и во наредните денови продолжуваат засилените акциски контроли и апелираат граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за, како што велат, да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.вј/

Остани поврзан