• петок, 22 ноември 2024

Во Скопје ќе биде отворен прв Центар за поддршка и советување на мажи

Во Скопје ќе биде отворен прв Центар за поддршка и советување на мажи

Скопје, 14 мај 2024 (МИА) - ХЕРА - Асоцијација за здравствена едукација и истражување денеска  во Скопје ќе отвори Центар за поддршка и советување на мажи во Северна Македонија.

Ова, како што информираат од ХЕРА, е прв центар од ваков вид во нашата земја, кој ќе нуди бесплатни советувања и поддршка со терапевти за момчиња и мажи, со телефонско закажување за термин (070 299 026).

Центарот се отвора со поддршка на австриското Сојузно министерство за социјални прашања, здравство, грижа и заштита на потрошувачите, во соработка со Здружението за машки и родови прашања Стирија од Австрија. дма/бак/

Фото: ХЕРА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан