• петок, 18 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Во Скопје приведен криминалец баран со потерница

Во Скопје приведен криминалец баран со потерница

Скопје, 25 декември 2024 (МИА) - Во Скопје утрово во 06.05 часот на ул.„Дижонска“ полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.У. (50) од Скопје.

Како што соопштија од МВР, тој бил баран со потерница за затворска казна од една година во врска со чл.292 (тешки дела против општата сигурност) од КЗ.

Лицето ќе биде предадено на надлежната казнено поправна установа. цр/сст/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан