Во САД снимена мечка како лови со глутница волци
- Мечките и волците обично не дејствуваат заедно, но во овој случај мечката им се придружила на волците во лов на елени. Кога убиле еден, „натрапничката“ им го украла пленот на своите „другари“
![Во САД снимена мечка како лови со глутница волци](https://new.mia.mk/images/20221112023715_big_730x400_5.webp )
Лос Анџелес, 10 јануари 2022 (МИА) - Во Националниот парк Јелоустоун во САД е снимен редок случај - мечка лови со глутница волци... Но потоа, таa им го краде уловот и побегнува со него.
Мечките и волците обично не дејствуваат заедно, но во овој случај гризли-мечката им се придружи на волците во лов на елени. Но, кога убија еден, „натрапничката“ им го украде пленот на своите „другари“...
https://www.youtube.com/watch?v=JkoTxHgXJX8
Ваквото „подмолно“ однесување кога единка од животински вид краде храна од друг вид, се нарекува клептопаразитизам.
Претставниците на паркот велат дека не е невообичаено мечките да крадат храна од волците, но обично, тие се игнорираат меѓу себе. си/сд/