• недела, 22 декември 2024

Во САД почна дистрибуцијата на вакцините на Џонсон и Џонсон

Во САД почна дистрибуцијата на вакцините на Џонсон и Џонсон
Вашингтон, 1 март 2021 (МИА) - Американскиот дистрибутер на лекови „МекКесон“ денеска соопшти дека започна со дистрибуција на вакцината „Џонсон и Џонсон“ против Ковид-19. Оваа вакцина за време на викендот стана трета вакцина против Ковид-19 во САД,  по едногласното одобрување од страна на надворешни експерти на Агенцијата за храна и лекови во петокот. „МекКесон“ е партнер за дистрибуција на вакцините против Ковид-19 на американската Влада, а компанијата воспостави четири центри за дистрибуција кои ќе се користат специјално за дистрибуција на вакцините „Џонсон и Џонсон“. „Владата на САД донесува административни одлуки, вклучително и каде, кога и колку дози од вакцината ќе бидат дистрибуирани до МекКесон“, соопшти компанијата. Првичните испораки на вакцината треба да започнат утре, соопштија високи претставници на администрацијата на претседателот Џо Бајден. паг/  

Остани поврзан