• вторник, 02 јули 2024

Во САД повеќе од 250.000 починати од коронавирус

Во САД повеќе од 250.000 починати од коронавирус
Њујорк, 18 ноември 2020 (МИА) - Бројот на починати од последици на коронавирусот во САД надмина 250.000 лица. Стапката на смртност во земјата се зголеми во последните четири недели за 42 отсто, објави Ен Би Си, наведувајќи дека дневно се регистрираат по околу илјада смртни случаи. Истовремено, САД потврдија еден милион нови случаи на Ковид-19 за само една недела. Според податоците на Универзитетот „Џон Хопкинс“, повеќе од 11,3 милиони Американци се заразени со коронавирус. гт/

Остани поврзан