• понеделник, 25 ноември 2024

Во САД падна првиот „Пауербол џекпот“ за годинава, добивката е 842 милиони долари

Во САД падна првиот „Пауербол џекпот“ за годинава, добивката е 842 милиони долари

Бостон, 2 јануари 2024 (МИА) - Во Мичиген (САД) е освоен првиот „Пауербол џекпот“ во новата година. Првичната добивка е 842 милиони долари, а проценетата готовинска вредност е 425,2 милиони долари, според лотаријата.

Вчерашниот џекпот е петти најголем во историјата на „Пауербол“ и 10-ти најголем џекпот воопшто на која било лотарија на САД. Добитничките броеви извлечени вчера, на првиот ден од годинава, се: 12, 21, 42, 44, 49. Освен тоа, лозови купени во Калифорнија, Конектикат, Флорида и Мериленд беа наградени со по милион долари.

Можноста за освојување на џекпот е еден спрема 292,2 милиони, според Здружението на државните лотарии во САД.

Лозовите за „Пауербол“ чинат по два долари. Најголемата награда на играта досега изнесува 2,04 милијарди долари - освоена на 7 ноември 2022 година.  си/сд/

Фото: МИА архива

Остани поврзан