• понеделник, 23 декември 2024

Во Росоман бесплатен оброк за учениците од прво до петто одделение 

Во Росоман бесплатен оброк за учениците од прво до петто одделение 

Росоман, 1 февруари 2024 (МИА) - Бесплатен оброк за учениците од прво до петто одделение е обезбеден во општината Росоман, информираше денеска росоманскиот градоначалник Стојан Николов.  

Опфатени се вкупно 188 ученици од  ОУ „Пере Тошев“ и подрачните училишта.

- За прв пат во нашата општина обезбедивме бесплатен оброк за учениците од прво до петто одделение. 
Со оваа мерка покажуваме грижа за нашите најмили, а истовремено се помага и секое младо семејство, соопшти Николов. свд/дма/

 

Фото: МИА архива

Остани поврзан