• понеделник, 04 ноември 2024

Во регионот на Коринт на Пелопонез за 14 години во пожари изгореле осум отсто од површината

Во регионот на Коринт на Пелопонез за 14 години во пожари изгореле осум отсто од површината

Атина, 2 октомври 2024 (МИА) – Од 2010 година до сега, во регионот на Коринт на грчкиот полуостров Пелопонез во пожари изгореле 18.000 хектари, односно осум проценти од вкупната површина, додека пак последниот пожар од неделата е најголем во последните 14 години, според порталот Метео на Националната опсерваторија на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Метео ги анализира најновите податоци од Службата за брзо мапирање Коперник и од Европската опсерваторија за шумскиот пожари во северниот дел на Пелопонез што зафатил околу 6.500 хектари заклучно со вчера наутро.

Пожарот избувна во неделата и веќе е ставен под контрола, не постојат активни жаришта, додека животот го загубија две лица. ср/паг/

Фото: Метео

Остани поврзан