Во регионот Емилија-Ромања нивото на реките во пораст, црвен метео-аларм за подрачјето на Болоња
- Во италијанскиот регион Емилија-Ромања, поради обилните дождови, во пораст е нивото на реките Сенио и Ламоне, па властите за денеска издадоа црвен метео-аларм за подрачјето околу Болоња, Ферара и Равена, пренесуваат италијанските медиуми.
Болоња, 25 декември 2025 (МИА) – Во италијанскиот регион Емилија-Ромања, поради обилните дождови, во пораст е нивото на реките Сенио и Ламоне, па властите за денеска издадоа црвен метео-аларм за подрачјето околу Болоња, Ферара и Равена, пренесуваат италијанските медиуми.
На многу места овие две реки го достигнаа или го надминаа критичното ниво, но засега не предизвикаа поплави, јави агенцијата Анса. Властите во местото Кастел Болоњезе наложија евакуација на жителите долж реката Сенио.
Нивото на реката Ламоне е исто така во пораст, па локалните власти во Бањакавало наредија евакуација на населбите Виланова и Глорија. За евакуираните жители е подготвен прифатен пункт, а тие ќе бидат сместени и во локалните спортски сали.
Одделот за цивилна заштита на регионот Емилија-Ромања постојано ја следи ситуацијата, но се очекува врнежите да ослабат, што ќе го намали притисокот врз речните текови, пренесе Анса. јт/
Фото: ЕПА